Белгиски монаси кои го произведуваат едно од најбараните пива на светот, отвораат своја интернет-страница каде што ќе го продаваат пивото, а и ќе се борат против препродавачите и нивната нелегална заработка.
Опатијата Свети Сикст во Вествлетерен, Фландрија, е една од 14-те „Трапист“ пивари, каде што може да се набави ковчег од тоа пиво за околу 45 евра, односно 1,8 евра по шише.
Препродажбата досега не беше строго забранета, но е секогаш препорачана и едно лице може да купи најмногу два ковчега. Така се појави и нелегалната препродажба и тоа во супермаркет, па тоа ги натера монасите – нарачките за производот да одат на интернет.
– Сфативме дека проблемот е навистина сериозен, кога една компанија може да купи толкаво количество. Тоа многу нè вознемири, изјави еден од монасите, отец Годфри.
Така, во Дубаи, на пример, шише од тоа пиво чини 300 долари.
Новиот систем ќе бара од купувачите да ги внесат личните податоци, како адреса или број на регистерски таблички, а приоритет ќе бидат оние купувачи кои најдолго чекале од последното купување.
– Продажбата на пивото од нашата опатија останува исклучиво за приватни купувачи, истакнува монахот Ман ван Хек.
По правило, за да се произведува ова пиво, мора да се биде член на Интернационалната Трапист асоцијација (ИТА), која наложува пивото да го прават монаси во опатија под надзор.