Претседателите на двата планинарски клубови од Кочани, Осогово и Москито, биле повикани на информативен разговор од страна на началникот на граничната полиција на источна Македонија во полициската станица во Кочани, информираше денеска преку социјалните мрежи од еден од претседателите на овие клубови.

Причината според претседателите на клубовите било поставување на македонскато национално знаме од страна на македонски планинари на бугарска територија. На тој начин, како што е наведено, бил прекршен меѓудржавен договор потпишан меѓу двете држави.

Еве ја целата информацијата што е објавена на Фејсбук:

„Поради вакви несовесни однесувања има големи шанси да ни биде забрането од страна на Бугарија влез и користење на единствениот заслон на Руен во бугарска територија за кој досега го имаме користено без проблем од страна на граничната полиција на Бугарија иако е околу 400 метри на нивна територија.

Апел до сите планинарски друштва од страна на граничната полиција е:

Прво, забрането оштетување или уништување на гранични ознаки и цртање по нив,

Второ, забрането снимање на територија и објекти на другата страна,

Трето, забрането поставување на државни обележја (знамиња) од една на друга територија.

За секој кој нема да ги почитува законите ке следува кривична пријава од страна на граничната полиција и органите надлежни за границата“.