Словенечките натпреварувачи Јуре и Јања Облак, кои се татко и ќерка, се победниците на првото издание на планинарската трка „Охрид треил“ што вчера се одржа на падините на Галичица и долж крајбрежето на Охридското Езеро.
Првопласираниот Јуре Облак подолгата делница од 60 километри ја мина за 7:38:22 часа, додека неговата ќерка целната линија на кејот во Охрид ја мина по трчање од 9:55:21 часа.
Второпласиран во машка конкуренција заврши Дарин Марквард со време (7:9:52), а трет низ целта помина македонскиот учесник Никола Илиевски со време (8:26:49).
Второто место во женска конкуренција и припадна на Сања Најдовски од Македонија со време (9:59:14), а на третото место од пиедесталот се искачи Десислава Цветанова од Бугарија, која патеката од 60 километри ја помина за 10:06:45 часа. Трката на 60 километри ја започнаа 49 натпреварувачи, од кои 41 ја минаа целната линија.
Во рамки на „Охрид треил“ се одржа и помала трка на 35 километри. Во машка конкуренција најдобропласирани беа домашните натпреварувачи Марјан Бонев и Антонија Бежовска кои патеката ја минаа за 3:59:42 односно 5:21:19 часа, во конкуреција од 88 натпреварувачи.
Првото издание на „Охрид треил“ мина во беспрекорана организација, во која активно се вклучи и Општина Охрид која ја поддржа манифестацијата, со очекувања таа да прерасне во традиција и како настан да придонесе за туристичка и спортска промоција на градот.