Премиерот Андреј Пленковиќ го коментирал денес огласот кој унгарската влада го објавила во хрватски медиуми, во кој бара прием на Србија во ЕУ, велејќи дека во тоа не гледа ништо спорно и дека Виктор Орбан може да ја фаворизира Србија или било која земја пренесе Вечер.
– Факт е дека Орбан објавува огласи во дневни весници, со тоа сака да ја претстави својата позиција. Тој може да ја фаворизира Србија или било која земја. Што е спорно Орбан да плати оглас во хрватските медиуми? Нема сигурно некого да го спречиме тоа да го прави? Тоа не е прв пат, имало примери каде што тоа го правеле други европски политичари – рекол Пленковиќ на новинарите после владина седница.
Пленковиќ рекол дека за тоа треба да ги прашаат новините кои добиле пари за тоа, а не него.
– Јас во тоа негледам ништо необично или комлицирано. Орбан тоа го правеше во повеќе ситуации. Тој на ЕУ гледа со други очи – навел Пленковиќ.
Забележал дека во ЕУ се создава со консензус. “Хрватска е земја која сака да влезе во две подлабоки интеграции, за нас тоа е добро и корисно – тоа се Шенген и еврозона. Идеата е процесот да биде готов идната година“, рекол премиерот.