Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска најави дека парламентот ќе биде распуштен в понеделник, 18 мај и го извести претседателот на Републиката, Зоран Милановиќ, кој има можност да распише избори за 21 или 28 јуни односно 5 или 12 јули.
– По седницата на Владата и седницата на парламентарното мнозинство, можам да ја известам хрватската јавност дека сите … одлучија да му предложат на хрватскиот парламент распуштање в понеделник, 18 мај, изјави премиерот Пленковиќ пред новинарите по состанокот на коалицијата.
Тој додаде дека причината за одлуката е тоа што неговата Влада ги остварила сите клучни амбиции што ги поставила за себе во изминатите три години.
Согласно уставните овластувања, претседателот на државата распишува избори по распуштањето на хрватскиот парламент, а согласно со Законот за избор на пратеници во хрватскиот Парламент, изборите мора да се одржат во рок од минимум 30 и максимум 60 дена.