Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ информираше дека имал телефонски разговор со македонскиот премиер Христијан Мицкоски и јавно даде поддршка за нашата држава на патот кон членство во ЕУ.
-Со премиерот Христијан Мицкоски разговарав за понатамошната динамика на европскиот пат на Македонија, за претстојниот Извештај на Европскиот парламент за напредокот и состојбата во Југоисточна Европа. Хрватска ќе продолжи силно да ја поддржува Македонија, која заслужува членство во ЕУ, напиша Пленковиќ на социјалната мрежа.
Овој став доаѓа во пресрет на новиот извештај на Европскиот парламент за земјите од Западен Балкан, каде што ќе се оценува напредокот на секоја држава на патот кон Европската Унија.