Бугарскиот претседател стави се на една карта – дека тој е моралната вертикала, а на крајот истури гром и тресок.
Гледаме дека генералот-претседател има потреба од војна, затоа што нема своја кауза, изјави поранешниот претседател Росен Плевнелиев ( 2012-2017) во коментар за БНР за прекинот на довербата на претседателот Румен Радев во владата, што го објави предмалку во својот говор до нацијата.
-Внимателно ја слушав тезата на претседателот за монетарниот борд. Во едно свое претходно интервју претскажав дека првата половина од оваа годинава ќе бидеме сведоци на најважната политичка битка во Бугарија, а тоа е битката за влез на земјата во еврозоната. Доколку Бугарија влезе во еврозоната тоа ќе биде до април, кога очекуваме да бидеме поканети во чекалната, а тоа ќе значи конечно откинување на Бугарија од руската геополитичка сфера. Тоа ќе значи нова силна фаза на Бугарија во еврозоната. Бев сигурен дека сите во Бугарија, кои се против новата фаза на интеграција на нашата земја во еврозоната, на еден или друг начин ќе попуштат со нервите, добро ќе се организираат и ќе почнат да дејствуваат и вие веќе тоа го гледате, додаде Плевнелиев.
„Ние се гордееме со монетарниот борд на Бугарија, таму има целосен национален консензус, тој не треба да се закача, тој ќе прерасне во чекалната на еврозоната со истите параметри што се вложени од пред 20 години. Најголемата лага која ја слушнавме е дека се прави каква и да е реформа во монетарниот борд“, подвлече Плевнелиев.
-Ние си префрламе за нешто што суштествува од пред 20 години, за патот кон еврозоната, со истиот курс, со истата економија, со истите банки. Тоа што се случува е попуштање на нервите. На владата и се објавува војна за Бугарија да не може да влезе во еврозоната, категоричен е Плевнелиев.
„Претседателот го има тоа право, прифаќам дел од аргументите на Радев, драмата е очигледна – нереформирано обвинителство, нереформиран здравствен сектор, демографска криза, сето тоа е факт, но тој не е од вчера и од денеска. Улогата на претседателот е да даде поттик за развој“, коментира уште поранешниот бугарски претседател.
-Нека претседателот ги повика сите овие луѓе и државни институции да работат заедно. Дијалогот зависи од шефот на државата. Откако три години плукаше по собранието, ги наруши своите уставни обврски, откако војуваше против владата, ја плукна нашата држава пред целиот свет, имавме успешно претседателство, тоа ли е тешка геополитичка криза, за кока зборува, запраша Плевнелиев.
„Ние имаме една ефикасна надворешна политика, државата се модернизира, земјоделието оди напред. Денеска има политичка волја да се преземе некакво решение“, посочи уште Плевнелиев.
-Прекинот на довербата во владата е политическа и морална одлука на шефот на државата. Во последните три години претседателот постојано водеше своја војна со владата и со собранието, па сега веќе се знае дека тоа е неговата генералска битка. Радев не се чувствува добро како претседател на Бугарија, тој не ја игра оваа улога, а и не сака да ја игра, наведува Плевнелиев.
„Битката допрва претстои. Тоа е битката за интеграцијата на Бугарија во ЕУ, битката за влезот на Бугарија во еврозоната. Доколку ја изгубиме оваа битка заради Радев, остануваме сиромашни и вечно зависни од интересите на една империја“, посочи поранешниот претседател на Бугарија Росен Плевнелиев во својот коментар за БНР по обраќањето на актуелниот претседател Румен Радев до нацијата.