Чешката тенисерка Каролина Плишкова ќе игра во полуфиналето на Грен слемот Австралија опен, откако рано утрово во четвртфиналната пресметка ја совлада Американката Серена Вилијамс со 2-1, по сетови 6:4, 4:6 и 7:5.
До победата Плишкова дојде по неверојатен пресврт по 1:5 во третиот сет и спасени четири меч топки.
Мечот траеше два часа и 12 минути.
Противничка на Плишкова која е седма носителка на турнирот, ќе и биде четвртата фаворитка Наоми Осака од Јапонија.
Во другото полуфинале во Мелбурн, ќе играат чешката тенисерка Петра Квитова и Даниеле Роуз Колинс од САД.
Полуфиналните мечеви се закажани за утре.