Со топлотниот бран што го зафати нашето поднебје, покрај вода – што треба да се пие секој ден, и овошјето и зеленчукот се важни за хидратација на телото. Следи дел од можеби најделотворните намирници за овој дел од годината.
Лубеница
Овој зеленчук е исклучително богат со вода, но спаѓа и меѓу најбогатите извори на ликопен – антиоксиданс што помага во борбата против ракот. Богат е со витамин Ц, ги чисти бубрезите и уринарниот систем. Содржи дури 93 oтсто вода, а токму оваа одлика го прави одлично средство за чистење на организмот, но и за слабеење. Освен што тоа, содржи и есенцијални омега-6 и омега-9 масни киселини и цинк.
Сѐ ова ја прави лубеницата совршено средство за природна нега не само на лицето, туку и на кожата на целото тело. Имено, лубеницата ја навлажнува и хидрира, ја тонизира и обновува кожата и ги третира акните и изгорениците од сонце.
Јагоди, малини, боровинки
Сите слични овошки се солидна хидратантна храна, но сочните црвени јагоди се најдобриот избор. Малините и боровинките содржат околу 85 отсто вода, а капините малку повеќе – 88,2 отсто. Миксот од јагоди и јогурт е можеби едно од највкусните здрави задоволства.
Јагодите содржат 92 отсто вода и се богати со витамин Ц, калиум, фолна киселина и растителни влакна. Тие исто така ги содржат антиоксидансите антоцијани, елагична киселина и кверцетин. Тој спој е одлична комбинација за закрепнување после тренинг.
Цитруси
Тие може да помогнат во намалувањето на холестеролот. Имено, истражувачите велат дека соединенијата во ова овошје помагаат во согорувањето на мастите и го стабилизираат шеќерот во крвта.
Портокалите, цитроните, лиметите, лимоните и другото слично овошје се природни разладувачи на телото. Тајната е во високата содржина на фитонутриенти како антоцијани, флавони, витамин Ц, полифеноли. Сѐ тоа ги одржува кожата, имунолошкиот систем, го стимулира метаболизмот и ја подобрува способноста на телото полесно да ги разградува мастите од храната.
Диња
Околу четвртина од овој сладок зеленчук содржи само 50 калории, но има 100 отсто од препорачаниот дневен внос на витамини А и Ц. Ако Ви здодее како сирово насечкан плод, и таа може да се изблендира со јогурт, па и да се замрзне… Може и да се измеша со сок од портокал и нане – како дополнително освежителен пијалок.
Праски и кајсии
Во случаи со осип и сува кожа, причината за тоа може да биде покачена температура, за којашто човекот обично не е свесен. Праските во дневното мени брзо ќе го надополнат калиумот, витаминот А и Б-12, како и другите хранливи материи делотворни во однос на температурата на телото и изгледот на кожата.
И кајсиите се одлична природна помош за намалување на телесната топлина и за помалку потење.
Манго
За кога кожата е сува, треба да се јаде и манго. Тоа е богато со витамини и минерали, особено со витаминот А, којшто го подобрува на
дворешниот изглед и природно помага во борбата против акните, бидејќи го спречува зголеменото производство на клетки на кожата. Познато е дека мртвите клетки во комбинација со себум (природно масло на кожата) ги затнуваат порите. /MИА