Денешните натпревари од Првата македонска фудбалска лига се одложуваат за в среда, 9 март.

– Поради снежни врнежи на територијата на цела држава, Комисијата за натпревари на ФФМ ги одложи преостанатите пет натпревари од 22. коло во 1. МФЛ кои на програмата требаше да се одиграат денеска (6. март) и ги пренасочи да се одиграат на 09.03.2022 година, среда, со почеток во 14:00 часот, соопшти утринава Фудбалската федерација на Македонија.

Првиот дуел од 22.коло се одигра вчера во Кавадарци. Тиквеш го победи Скопје со 3:0.