Четири погодоци се постигнати на последните два натшревари од 10. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Фудбалерите на Вардар дадоа се од себе, но дуелот против Шкендија заврши со триумф на гостинот од 2:0.
Тетовци дојдоа во водство со погодокот на Максимов, а во самиот финиш од натпреварот во листата на стрелци се запиша и Спахиќ.
Со идентичен резултат, но во корист на домаќинот, заврши дуелот помеѓу Струга ТЛ и Силекс.Марјан Радески е херојот на струшкиот тим на денешниот меч против Силекс. Напаѓачот погоди двапати, по еднаш во првото и второто полувреме.
Домашните фудбалери беа подобри и сосема заслужено ги освоија трите бода со кои се качија на третото место на табелата, а имаат и меч помалку од Шкендија и Шкупи кои се пред нив.
Радески во 18. минута го отвори натпреварот кога донесе водство за Струга од 1-0. Вториот погодок го реализираше во 69. минута поставувајќи ги конечните 2-0.