Екипата на Струга ТЛ ја забележа четвртата победа во четвртиот натпревар сезонава во Првата македонска фудбалска лига.
На средбата одиграна во Струмица каде Шкендија беше домаќин, стружани забележаа победа со 2:0.
Штипска Брегалница на свој терен ја совлада Македонија Ѓорче Петров со минимални 1:0.
Работнички ја забележа премиерната победа, откако попладнево во Скопје го совлада Тиквеш од Кавадарци со 2:0.
Во градската пресметка Скопје пред своите гледачи загуби од актуелниот првак Шкупи со 0:2.
Вчера фудбалерите на Силекс и Академија Пандев одиграа нерешено 1:1.
Слобдна во ова коло беше екипата на Победа.
Табела: Струга 12 бодови, Силекс 8, Брегалница 7, Шкендија 7, Шкупи 6 (-2 натпревара), Академија Пандев 4, Тиквеш 4 (-1), Македонија ЃП 3 (-1), Работнички 3, Скопје 0 (-1), Победа 0 (-1).