Со рутински победа на Шкендија против Македонија ЃП и на Силекс во дуелот со Шкупи попладнево се комплетираше 13 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Шкендија пред своите навивачи во Тетово ја совлада Македонија со 7-2, додека Силекс во Кратово триумфираше над последнопласираниот Шкупи со 5-1.

Резултати – 13 коло:

Шкендија – Македонија ЃП 7-2

Силекс – Шкупи 5-1

Пелистер – АП Брера 1-0 (недела)

Вардар – Тиквеш 3-1 (недела)

Башкими – Работнички 3-1 (сабота)

Струга – Арсими 4-0 (сабота)

Табела: Вардар 33, Струга 32, Шкендија 27 (-1), Силекс 25, Башкими 22, АП Брера 16, Арсими 15, Македонија ЃП 14, Тиквеш 12, Пелистер 11, Работнички 7, Шкупи 1 (-1).