Фудбалерите на скопски Вардар триумфираа попладнево во градското дерби против Работнички (1-0) во еден шесте дуели во рамки на 11. коло со кое денеска, по двонеделната репрезентативна пауза, продолжија натпреварите во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Лидерот Шкендија одигра нерешено 1-1 против Брера Струмица во Тетово, додека Шкупи поради реновирањето на теренот во Чаир ја пречека Брегалница во Куманово и победи со минимални 1-0.

Шампионот Струга ТЛ ги освои бодовите на гостувањето против Македонија ЃП со убедливи 3-0, додека Силекс го совлада Тиквеш со 1-0, а Гостивар и Воска ремизираа одигрувајќи 1-1.

ПМФЛ – 11. Коло: резултати

Работнички – Вардар 0-1

Шкендија – Брера 1-1

Македонија ЃП – Струга ТЛ 0-3

Шкупи – Брегалница 1-0

Силекс – Тиквеш 1-0

Гостивар – Воска 1-1

Табела: Шкендија 24, Шкупи 22, Струга 21, Силекс 19, Брера Струмица 15, Тиквеш 14, Работнички 13, Брегалница 13, Македонија ЃП 11, Воска 11, Гостивар 11, Вардар 8.