Денеска тетовска Шкендија ремизираше 2:2 против Гостивар иако имаа водство од 2:0 до 86 минута.
Двата гола за Шкендија ги реализираше Шала во 37 и 69 минута, а Гостивар во самиот финиш го избегна поразот со погодоците на Кехинде кој два пати беше прецизен од пенал.
Вардар оствари важен триумф над Брегалница од Штип со 2:0 со головите на Алтипармаковски од пенал во 21 минута и Глишиќ 180 секунди подоцна.
Играчите на Брера Струмица убедливо со 3:0 го совладаа тимот на Македонија ЃП. Сите голови беа постигнати во текот на првото полувреме преку Цветаноски во третата, Миловановиќ во 12 и Ивковиќ во 42 минута.
Иако домаќините од 49 минута играа со фудбалер помалку поради црвениот картон на Наумчевски до крајот успеаја да ја задржат позитивата.
Мируваа мрежите на дуелот Воска Спорт – Силекс, додека Тиквеш со головите на Робертињо (17`) и Стојкоски (52`) славеше против Работнички.
Табела: Шкупи 42 бодови, Струга 41, Шкендија 39, Силекс 28, Брера Струмица 26, Гостивар 26, Тиквеш 25, Работнички 24, Воска Спорт 21, Вардар 21, Брегалница Штип 20, Македонија ЃП 18.