Тимот на Струга Трим Лум беше подобар од Вардар со 2:1 во еден од најинтересните натпревари од 14 коло во првата македонска фудбалска лига.
За Вардар, ова е втор пораз сезонава, откако загуби и на стартот од ѓорчепетровци, па 12 кола по ред не знаеше за пораз.
Во денешните мечеви, постигнати се следните резултати: Борец – Македонија Ѓорче Петров 1:1, Ренова – Академија Пандев 1:1, Силекс – Шкупи 1:0, Струга Трим Лум – Вардар 2:1. Утре играат Работнички – Шкендија.
Вардар е прв со 30 бода, следува Академија Пандев со 26, Силекс има 21, Шкендија, Шкупи, Македонија ЃП и Струга по 18, Ренова и Борец имаат по 15, а Работнички е последен со 11