Големото дерби во ПМФЛ меѓу Вардар и Шкупи кое се играше на стадионот во Маџари, заврши во полза на гостите кои победија со 1-0
Струмица Брера запиша нова победа откако со 2-0 ја совлада Воска Спорт, втор триумф и за Тиквеш кој со 3-0 триумфираше во Гостивар.
Дербито меѓу Вардар и Шкупи изобилуваше со тврда игра, во најголемиот дел беше без шанси, битката главно се водеше на средната на теренот. Клучниот момент се случи во 79. минута кога Нилтињо даде гол за водство на чаирчани од 1-0.
Во 92. минута Вардар пропушти огромна шанса за израмнување, Матеус Лемос пред себе имаше празна мрежа, биеше со глава но ја погоди пречката. Втор пораз за црвено-црните во второто коло.
А Брера Струмица дојде до втората победа откако на свој терен со 2-0 ја совлада екипата на Воска Спорт.Резултатот го отвори Крстевски со фантастичен погодок во 15. минута, Руфати пред крајот ги постави конечните 2-0.
Најубедлив беше Тиквеш кој со 3-0 славеше на гостувањето кај Гостивар. Курез, Ибиши, и Ивановски беа стрелци на голови за кавадаречкиот тим кој исто така ја забележа втората победа.
Силекс дојде до триумф над Работнички од 2-0. Калановски и Ристовски погодија во првото полувреме.
Со гол на Славков во 78. минута Македонија Ѓорче Петров ја совлада Брегалница со 1-0.
Дербито меѓу Шкендија и Струга ТЛ ќе се игра на 30. август, мечот е одложен поради настапот на стружани во Европа.
ПРВА ЛИГА, 2. КОЛО
Брера – Воска Спорт 2-0 (1-0)
Крстевски 15, Руфати 86
Гостивар – Тиквеш 0-3 (0-1)
Курез 38, Ибиши 51, Ивановски 64
Македонија ЃП – Брегалница 1-0 (0-0)
Славков 78
Силекс – Работнички 2-0 (2-0)
Каланоски 6, Ристовски 22
Вардар – Шкупи 0-1 (0-0)
Нилтињо 79
Шкендија – Струга одложена за 30 август од 16 часот
ТАБЕЛА: Тиквеш 6, Брера 6, Работнички 3, Струга 3 (-1), Брегалница 3, Шкендија 3 (-1), Силекс 3, Шкупи 3, Македонија ЃП 3, Вардар 0, Воска Спорт 0, Гостивар 0.