Прв случај на колера, по повеќе од еден век регистриран во Бугарија. Станува збор за 23-годишен индиски државјанин кој живее во земјата, а престојувал во Њу Делхи.
Во Бугарија е регистриран увезен случај на колера, прв по повеќе од еден век. Станува збор за 23-годишен индиски државјанин кој живее во земјата, а престојувал во Њу Делхи.
Пациентот е изолиран во болничка соба, на оддел за паразитски и заразни болести и во добра општа состојба. Во карантин е ставено и лице кое живеело со Индиецот.
Не се идентификувани други контакти, а пациентот не посетувал јавни места.