Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека „најголемата економија во Европа мора да работи побрзо и подобро во борбата против климатските промени“ по катастрофалните поплави што ги погодија германските провинции Северна Рајна-Вестфалија и Рајнска област-Пфалц.
Ова е најголемата природна катастрофа во Германија во последните шест децении.
„Се укажува на тоа дека мора да се стори нешто во врска со климатските промени“, им рече Меркел на жителите на Аденау во германската провинција Рајнска област-Пфалц
Меркел додаде дека работата е итна, дека мора да брза во борбата против климатските промени.
Во поплавите во Германија досега загинаа 157 лица