По 21 ден на Инфективна, Милошоски дома!

/ 20.07.2020

После 4 дена самоизолација и 21 ден болничка хоспитализација, пратеникот Антонио Милошоски е вратен дома.

Како што стои во неговиот фејсбук статус, тестот за корона вирусот е негативен и тој е сега меѓу своите најблиски.

“После 4 дена самоизолација и 21 ден болничко лекување од Ковид19, повторно дома.

Негативен по тест, но расположен по дух и опкружен со најблиските, чии прегратки со љубов се задолжителна терапија за закрепнување. Уште едно сериозно животно премрежје е надминато.

Срдечно им благодарам на лекарите од Инфективната клиника-Скопје, како и на сите медицински сестри, кои иако се многу преморени, деноноќно се борат за секој пациент.

Чувајте се. Ве поздравувам со желби за добро здравје.”


Од истата категорија