Навистина ми е задоволство што после 25 години го враќаме киното во Штип. 25 години граѓаните во Штип бараа да се отвори кино сала, затоа заедно со Киноверзум направивме соработка, го отстапивме просторот на мултимедијалниот центар Киро Глигоров за да се проектираат најновите филмови, рече на прес-конференција градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов.
-Се надевам и очекувам штипјани да ја посетат ова кино сала која е една од најсовремените со најсовремена проекција на филмови. На задоволство на сите нас од денеска започнува проекцијата на филмови, она кое беше потреба и барање на сите сограѓани после 25 и години. Чести и задоволство ми е во оваа прилика да посакам успешно работење и да ги повикам сите наши сограѓани да го посетат киното, истакна Јорданов.