Палестинската милитантна група Хамас ги објави имињата на тројцата израелски заложници кои утре ќе бидат ослободени како дел од договорот за прекин на огнот со Израел. Се работи за Охад Бен Ами, Ор Леви и Ели Шараби. Тие ќе бидат ослободени по 491 ден во заложништво.
Од друга страна, Тел Авив ќе ослободи 183 палестински затвореници.
Египетското Министерство за надворешни работи соопшти дека нема да биде дел од каков било предлог што би ги преселил Палестинците од Газа.
Каиро предупредува дека таквиот план може да го поткопа мировниот договор со Израел.
Иранскиот претседател Масуд Пезискијан рече дека неговата земја не развива нуклеарно оружје, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп рече дека е потребен „проверен“ нуклеарен договор со Техеран.