Советот за безбедност на Обединетите Нации најверојатно утре, зад затворени врати, ќе расправа за Северна Кореја.

Според неименувани дипломати, расправата ја побарала Германија со поддршка на Велика Британија и Франција.

Северна Кореја соопшти дека тестирала нова балистичка ракета истрелана од подморница за да ги спречи надворешните закани и да ја зајакне самоодбраната, само неколку часа откако објави дека е подготвена да ги продолжи разговорите со САД на експертско ниво на 5 октомври.

Преговорите на САД за нуклеарната програма на Северна Кореја се во ќор-сокак по последниот самит на лидерите на двете земји, Доналд Трамп и Ким Јонг Ун, во февруари во Виетнам.