Министерот за образование, Арбер Адеми, објави дека е заразен со корона вирусот.
-Драги пријатели, роднини и соработници, Ве известувам дека по неколку благи симптоми вчера и сомневања дека можеби сум заразен со СОVID-19, го направив тестот и за жал резултирав позитивен!
Апелирам до сите вас да ги почитувате максимално протоколите заради вашето здравје и здравјето на вашите најблиски.
Ви посакувам се најдобро на вас и вашите семејства!, напиша Адеми на Фејсбук.