Кибер понеделникот во САД се очекува да биде најголемиот ден за онлајн купување во 2021 година со продажба помеѓу 10,2 и 11,3 милијарди долари. Ова го посочуваат прогнозите на ADOBE DIGITAL ECONOMY INDEX.
Во последниве години, границите помеѓу Црниот петок и Кибер Понеделник се заматени со тоа што потрошувачите се префрлаат на повеќе онлајн купување, особено од почетокот на пандемијата.
Вкупните онлајн трошоци во САД на црниот петок на платформите за е-трговија достигнаа 8,9 милијарди долари, што е на долниот дел од опсегот што го предвидува Adobе, како и малку под минатогодишната бројка. Од сите онлајн продажби на црниот петок, 44,4 отсто беа на паметни телефони, а трендот се очекува да продолжи и во денеска на Кибер Понеделник.