Припадници на мексиканската армија открија и запленија околу 1,5 тони синтетичка дрога метамфетамин и 149 килограми фенталин во прав на контролниот пункт во северната погранична сојузна држава Сонора.
Дрогата е пронајдена откако Министерството за одбрана добило информација дека камион што превезувал сок во прав исто така транспортира дрога.
Мексиканските картели често ги информираат властите за транспортот на наркотици на ривалските банди.