ПО ДВАТА МАСАКРИ: Србите за два дена предале повеќе оружје, отколку за сите три последни кампањи

/ 09.05.2023

За неполни два дена од кампањата за предавање на нелегалното оружје, на полицијата ѝ е предадено повеќе оружје отколку во последните три кампањи заедно.

Дополнително полицијата во Србија регистрирала повеќе од двесте официјални пријави за бизарни пораки и уапсила 35 лица.

Кога станува збор за кампањата во која граѓаните можат без никакви последици да предадат нелегално оружје и муниција, бројката е поголема отколку за последните три кампањи заедно.

– Граѓаните донесоа 3.000 парчиња оружје, 125.000 парчиња муниција и 150 мини и експлозиви во полициските станици за неполни два дена од кампањата. Ова е повеќе отколку за последните три кампањи заедно – вели соговорникот за српски Курир.

Како што неофицијално дознава Курир, во полицијата неодамна пристигнале 218 официјални пријави за случаи кога граѓани, главно деца и малолетни, објавувале бизарни пораки на социјалните мрежи.

– Се однесува на пораки каде што го имитирале момчето-убиец, симулирале пукање, правеле списоци за отстрел. Полицијата веднаш реагирала на секоја пријава. Досега се уапсени 35 лица, а поднесени се и голем број кривични и прекршочни пријави – вели изворот запознаен со случајот.


Од истата категорија