Пентагон соопшти дека неодамна бил извршен кибер напад врз Одделението за одбрана со што се загрозени лични податоци и податоци за кредитни картички на американски и воени и цивилни службеници.
Во нападот се загрозени повеќе од 30.000 службеници, јавија американски медиуми.
Нападот најверојатно бил извршен пред неколку месеци, но откриен бил неодамна. Со нападот не бил загрозен ниту еден доверлив документ.
Тимот за високо-технолошки криминал ги информирал шефовите во Пентагон за напдот на 4 октомври и дека се уште се собираат податоци за големината на нападот и кој го извршил.