Најдобриот стрелец во историјата на англиската фудбалска репрезентација, легендарниот напаѓач на Манчестер јунајтед и Евертон, Вејн Руни, се повлече од тренерската должност во Дерби Каунти, кој испадна од втората во третата англиска лига.
Поради финансиски проблеми Дерби минатата сезона беше казнет со одземање на 21 бод. И покрај казната, Дерби до пред самиот крај на сезоната беше во борба за зачувување на статусот на англискиот Чемпионшип, но, на крајот не успеа во тоа и се пресели во понизок ранг натпреварување.
– Официјално ги известив стечајните управители дека е време да го напуштам клубот. Вложија максимални напори да ме наговорат да ја сменам одлуката, но јас одлуката ја донесов уште пред состанокот, изјави Руни.