Доларот и фјучерсите на главните берзи на САД поскапија додека се бројат гласовите по завршените претседателски избори во земјата, се гледа од податоците на интернационалната берза на валути „Форекс“ и од порталот Investing.com.
Фјучерсите на берзата S&P 500 утринава пораснаа за 1.78 отсто, на NASDAQ 100 за 1.85 отсто. Индексот на DXY, го покажува курсот на американскиот долар во однос на кошничката од шесте основни светски валути, се зголеми за 0.71 отсто. На тргувањата, курсот на еврото во однос на доларот поевтини до 1.17 евра за долар.
Според Фокс њуз, од досега изброеното мнозинство гласови се дознава дека кандидатот на Демократската партија засега води со 238 електорални гласа на изборниот колеџ, актуалениот претседател, републиканецот Доналд Трамп има добиено 213 гласови. Во овие услови, порасна побарувачката за сигурните активи, пренесува телевизијата.