Поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков ја променил својата адреса на живеење.
Според информациите објавени од македонските медиуми, а кои се повикуваат нљ скопскиот Кривичен суд, по ново тој е жител на Охрид, a ќе ја издржува казната за „Империја“ во затворот во Струга.
Кривичниот суд за промената бил известен од страна на адвокатот на Мијалков, а истата доаѓа пред судот да му издаде документ со кој треба да се јави во затвор, по спогодбата што ја постигна со Обвинителството.
На ист начин претходно постапија и Зоран Милески Кичеец и Орце Камчев.