По Русија и Виетнам, и Чешка денеска одлучи да прекине со издавање визи за кинески државјани поради ширењето на новиот коронавирус.

Чешките власти соопштија дека се разгледува и забрана за летови од Кина.

Министерот за надворешни работи Томас Петшичек изјави дека повеќе не се издаваат нови визи, ниту се примаат нови барања.

Премиерот на Чешка Андреј Бабиш за чешката телевизија изјави дека Владата би можела да одлучи да ги прекине летовите од Кина.

Бројот на починати од коронавирус во Кина денеска се зголеми за 38 и изнесува вкупно 170 лица, соопшти Националната здравствена комисија.

Во исто време, до средата вечер, бројот на заразени достигна 7.711. Постои сомневање дека се заразени уште 12.168 лица.