По објавата дека Џо Бајден ги поддржал плановите за обука на украински пилоти на борбените авиони Ф-16 од американско производство, висок функционер во администрацијата на Бајден сега со нова изјава.
Високиот функционер во администрацијата на Бајден изјави дека САД и сојузниците планираат да ги испорачаат истите тие авиони на Украина во одреден момент.
Официјалниот претставник изјавил за NBC News дека овој потег е дел од напорите за зајакнување на долгорочната безбедност на Украина. Тој исто така додал дека F-16 нема да мора да бидат испратени од САД.
Се уште не е јасно кога Украина ќе ги прими и од кои земји ќе дојдат софистицираните борбени авиони.