Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски ќе оди во куќен притвор откако беше осуден на осумгодишна затворска казна за случајот Софтвери.
Обвинителството бараше притвор за него и за уште тројца обвинети во случајот, но судот одреди само куќен притвор за Рашковски и забрана да комуницира со тројцата обвинети.
Рашковски се бранеше од слобода, а сега до правосилноста на пресудата ќе биде во куќен притвор.