Сопственикот на модниот конгломерат ЛВМХ – Бернард Арно изгубил 10,39 милијарди евра во еден ден, пишуваат медиумите.

Арно вчера ја изгубил оваа сума по значителниот пад на цените на акциите. Информациите од светските медиуми се дека берзите во САД бележат пад, а загуби особено бележи секторот на луксузни производи.

Акциите на компанијата „Луј Витон“ паднале за 5%, а компанијата „Керинг“ која е сопственик на Гучи имала пад од 2,97%.

И покрај загубата, Арно се уште е најбогатиот човек во светот, а неговото богатство се проценува на 178,12 милијарди евра.

Зад него е шефот на Тесла и на Твитер – Илон Маск. Тој има богатство за околу 11 милијарди евра помалку од Французинот Арно.