Дваесетина автомобили утринава се испокршени и уништени во катна гаража позади трговскиот центар Буњаковец во Скопје, дознава Фокус.
Според фотографиите кои ги објавува, автомобилите во катната гаража се со скршени стакла, скршени предни и задни шофершајбни, оштетени врати…
Се уште официјално не е позната причината што точно се случило, но од МВР го потврдиле случајот.
– На 22.07 во 07.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во катна гаража во близина на трговски центар на подрачјето на Центар имало оштетено неколку возила, се наведува во одговорот од МВР.
Завчера ноќта во Прилеп беше запален автомобил на прилепчанец, а една ноќ пред тоа и автомобилот на прилепскиот пратеник во македонското Собрание, Петар Ристески.