По објавата на легендарниот голман на Реал Мадрид и шпанската репрезентација, Икер Касилјас дека е геј, веднаш по него пристигна коментар и од Карлес Пујол, кој исто така даде шокантно признание.
Касилјас на неговиот профил на Твитер објави дека е геј, а навивачите во шок веќе напишаа огромен број на коментари под неговиот статус.
„Јас сум геј. Се надевам дека ќе ме почитувате“, напиша Касилјас.
Веднаш потоа му се приклучи и легендата на Барселона, Пујол кој напиша дека е време да се открие приказната.
Дел од јавноста е згрозена од ова нивно признание, некои мислат дека ова е дел од некоја маркетинг кампања.