Генералниот директор на британскиот канал Би-Би-Си разговарал со белгискиот премиер, Шарл Мишел, за можна преселба на таа медиумска куќа во Белгија, јави МИА во Брисел.
Информацијата за медиумите ја потврди премиерот Шарл Мишел. Тој на економскиот форум во Давос разговарал со генералниот директор на Би-Би-Си, Тони Хол, за таа опција.
-Белгија е често во најтесниот избор на дестинации за компаниите кои сакаат да се преселат во ЕУ после Брегзит, изјави Мишел.
Со повлекувањето на Велика Британија од ЕУ, Би-Би-Си ќе мора да добие лиценца за да може да продолжи да емитува во Унијата, поради што медиумот е во потрага по европска земја во која би го сместила своето седиште. Другите опции се Ирска и Холандија, но Белгија со својот главен град како престолнина на ЕУ би бил „најлогичниот избор“, според извори запознати со тоа досие, објавуваат денеска медиумите.