Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на Федералното биро за затвори да го реновира и повторно да го отвори озлогласениот затвор Алкатраз во заливот Сан Франциско за да „ги смести најбруталните и најнасилни криминалци во Америка“.
Тој напиша на својата платформа „Truth Social“: „Кога бевме посериозна нација, во минатото, не се двоумевме да ги затвориме најопасните криминалци и да ги држиме подалеку од секого на кого би можеле да му наштетат“.
Алкатраз беше прогласен за најбезбеден затвор во Америка поради неговата локација на остров, ледени води и силни струи. Никогаш официјално не е регистрирано успешно бегство од Алкатраз, иако петмина затвореници се наведени како „исчезнати и се претпоставува дека се удавени“.
Алкатраз беше затворен бидејќи неговото понатамошно работење беше прескапо.