Уште две тела денеска се пронајдени на италијанскиот алпски глечер, каде што вчера се судрија хеликоптер и мал авион. Со тоа бројот на загинати се искачи на седум, потврди портпаролот на националното тело за спасување од алпски карпи и спили.
Меѓу петте настрадани во хеликоптерот е и 49-годишен Германец, кој работел како локален планински водич, а две лица загинале во авионот, пренесува Хина од агенцијата АНСА.
Судирот се случи вчера (петок) попладне над глечерот Рутор, во северозапдна Италија, недалеку од француската граница.
Пилотот на хеликоптерот е втората идентификувана жртва.
Двајцата преживеани во несреќата имаат тешки повреди, едниот бил во хеликоптерот, а другиот во авионот, пренсува загребски Јутарњи лист.
Хеликоптерот превезувал скијачи, а авионот дошол од Франција и во него биле инструктор за летање и двајца ученици на обука за пилоти.
Од полицијата за РАИ рекле дека се чини оти францускиот авион „преминал на италијанска територија без давање сигнали на италијанската контрола за воздушен сообраќај“.
Во зима скијачите Рутор го користат за скиење надвор од патеката, а за тоа повеќе сакаат да користат хеликоптер отколку жичарница.