Во стилот на народната „По свадба, тапани“, Општина Центар помпезно се пофали дека ги остранува паднатите дрвја во населбата Капиштец, дрвја кои не ни смееле да бидат таму.

Имено, како што објави Курир, работа на општинското „Паркови и зеленило“ е да изврши конторла на дрвјата во општината и да процени кои од нив се за сеча, а кои не. Нивна задача е да ја оценат состојбата на општинското зеленило. Ова, или воопшто не е направено, или е лошо направено – „трчанката“, ко демек исконтролирано, велат граѓаните.

Но тоа не ја спречи општината да се пофали:  „Општина Центар информира дека во моментов екипите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и ЈП „Паркови и зеленило“ работат на отстранување на двете паднати дрвја во близина на ООУ „Киро Глигоров“.“

За среќа на жителите на Капиштец, се мина без човечки жртви или повредени.

„Господ ги чувал“ вели народот, „среќа“ во недела, бидејќи таму има и основно училиште. А општината, таа се занимава со избори…