Внатрешната контрола на МВР уште пред месец дена ги има завршено сите предистражни дејствија кои биле во нејзина надлежност, а се поврзани со активности на полициски службеници во случајот „Дискотека ПУЛС“, дознава КУРИР.

Трагедијата се случи на 16.03.2025 година во дискотеката ПУЛС во Кочани, а на 17.03.2025 Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди се вклучува во постапката веднаш по настанот.

Како што дознаваме, формирани биле неколу тима за различни сегменти на истрагата кои имале обврска да ги проверуваат за согласности дадени од МВР за дискотеката ПУЛС,
проверувани биле претходно пријавени прекршоци и постапувањето на ОВР Кочани, проверувани биле и последните три контроли на угостителски објекти (вклучително и ПУЛС).
Во периодот март – април 2025 во исклучива координација и знаење на обвинител при ОЈО за ГОКК, континуирано се преземале дејствија.

Проверувани биле сите аспекти од планот за контроли, постапувања согласно стандарни оперативни процедури, ангажмани на полициски службеници и сите брифинзи во рамки на работењето на полицијата.

КУРИР дознава дека разговори се водени со сите полициски службеници кои ги изготвувале и одобрувале плановите, одземани се мобилни телефонски уреди и нивна форензичка анализа, анализирани биле и базни станици за комуникација на полициските службеници, преземани биле уште безбројни останати полициски дејствија за кои јавниот обвинител за се во детали бил инфорнирам.

Покрај ова, обвинителот согласно неговите надлежности самостојно превземал активности, како и повикувал лица и сведоци.

30 дена пред денешниот датум, според нашите информации завршена е целосната постапка од страна на МВР и се било доставено до надлежното обвинителство.

Се поставува прашањето дали Обвинителството тактизирало или пак постапувало посветено, а останува одговори да даде самото обвинителство или да се чека самата судска постапка и нејзиниот исход.

Според согледаните активности Истрагата за случајот „ПУЛС“, спроведена од институциите на системот досега претставува најбрзо завршена истрага со ваков обем и број на инволвирани полициски службеници во историјата на Македонија без да се калкура кој од кога бил полицаец или раководител или функционер. Со завршена постапка и поднесени кривични пријави во рок од само 90 дена за повеќе од 70 лица, оваа истрага поставува нов преседан во ефикасноста и институционалната координација.

Брзината, обемот и комплексноста на истрагата го прават овој случај исклучителен пример на институционална подготвеност и професионализам, за кој Македонската јавност досега не веруваме дека била сведок на ваква посветеност и решителност да се расчисти со корумпираните поединци низ институциите во минатото и сегашноста.