По третпат во историјата, три екипи немаат пораз по првите девет кола во Англија

/ 21.10.2018

Тимовите на Манчестер Сити, Ливерпул и Челзи продолжуваат без пораз од почетокот на сезоната во Премиер лигата.

Статистичките податоци покажуваат дека ова е третпат во историјата на англиското првенство кога три или повеќе екипи ја започнуваат сезоната без пораз по првите девет круга.

Првпат ова беше случај во сезоната 1978/79 кога Ливерпул, Евертон и Нотингем Форест немаа пораз по првите девет натпревари, а шампион стана Ливерпул.

Во сезоната 1990/91, по првите девет натпревари, Ливерпул, Арсенал, Тотенхем и Кристал Палас беа на чело на табелата, без пораз. Шампион тогаш стана Арсенал.


Од истата категорија