Поп-ѕвездата Кејти Пери го објави датумот на излегувањето на новиот албум „Smile“ (Насмевка), а тоа е 14 август годинава. Ова ќе биде и првиот нејзин албум по „Witness“ од 2017 година.

Пејачката претходно ја преттави и најавната песна за албумот – „Daises“, а наскоро ќе излезе и видеоспотот за насловната „Smile“. Говорејќи за неа, пејачката вели дека песната настанала во многу тежок период од нејзиниот живот.

„Насловната песна на албумот ја напишав доодека минував низ еден од најмрачните времиња од мојот живот и кога ја загубив насмевката. Целиот албум е всушност, едно мое патување кон светлината – приказна за борба, надеж и љубов“, напиша таа на Инстаграм.

Албумот ќе има 16 песни.

Инаку, Кејти и нејзиниот свршеник, холивудскиот глумец Орландо месецов го очекуваат своето прво дете.