Руската вакцина против коронавирус Спутник V пристигнува денес во Србија, дознава Танјуг.
Министерот за здравство, Златибор Лончар, вчера изјави дека тестирањето на руската вакцина во Агенцијата за лекови и медицински помагала е при крај и дека се очекува да заврши во првите денови од новата година.
Како што јави допсиникот на МИА од Белград, рускиот амбасадор во Белград Александар Боцан Карченко вчера најави дека првиот контингент руски вакцини против коронавирусот ќе биде доставен во Србија „до крајот на тековната година“, кој истекува за два дена.
Вакцинацијата против коронавирус со вакцината на компаниите Фајезер и Бионтек во Србија започна на 24 декември, а според министерот Лончар, новиот контингент од вакцината Фајзер во Србија ќе пристигне на 4 јанури, по што на секои седум дена ќе пристигнуваат нови колиини.