Меѓународниот аеродром во Сан Франциско соопшти дека ја обновил нормалната работа откако меѓународниот терминал беше евакуиран доцна синоќа по закана за бомба.
„Полицијата го прегледа меѓународниот терминал. СФО продолжува со нормална работа“, објави денеска Аеродромот на Твитер.
Терминалот беше евакуиран доцна во петокот, откако полицијата пронашла сомнителен предмет на аеродромот по закана за бомба, соопшти полицијата на Твитер.
Полицијата во Сан Франциско објави дека полицајците добиле закана за бомба на аеродромот и во текот на истрагата пронашле сомнителен пакет.
„Поради тековните полициски активности, меѓународниот терминал се евакуира“, објави аеродромот околу полноќ на Твитер.
Аеродромот соопшти дека по заканата за бомба ја прекинале и услугата за брз транзит на AirTrain и Bay Area.