Минимална победа постигнаа македонските кошаркарки во првиот натпревар од квалификациите за Евробаскет. Во Скопје попладнево совладана беше Данска со 79:78 (18:21; 21:19; 19:18 и 21:20).

Во изедначен натпревар македонските кошаркарки постигнаа важна победа на стартот од новата рунда квалификации. Избраничките на селекторот Александар Ашаданов во првата четвртина водеа со 18:13, но противникот направи серија од 8-0 за водство на крајот на четвртината од 21:18. Репрезентацијата на Данска стигна и до предност од девет разлика (29:20), но македонскиот состав сепак до крајот на полувремето успеа да дојде и до водство.

Во третиот период двете репрезентации се менуваа во водството, додека во последниот нашиот национален тим имаше постојано водство кое успеа да го сочува до крајот.

Најефикасна во македонската репрезентација беше Мерит Хемпе со 25 поени, додека кај Данска Фрида Форман постигна 18 поени.

Во следното коло македонската женска репрезентација игра на домашен терен во сабота, а противник е селекцијата на Грција. Дуелот се игра во СРЦ „Кале“ со почеток во 18 часот.