Ракометните суперлигаши денеска одиграа три натпревари од 21.коло од Супер лигата и на сите победија фаворитите. Најнеизвесно беше во Битола каде шампионот Еурофарм Пелистер го совлада Прилеп со 32:27.

На почетокот на вториот дел гостите од Прилеп намалија на еден негатива 17:16, но првакот предводен од капитенот Филип Кузмановски, кој постигна 9 голови стигна до нова победа.

Лидерот Вардар беше убедлив во дуелот со Пролет и славеше со 38:22, а најпрецизни со по 8 голови беа Силва кај Вардар и Андреј Стојановски кај Пролет. Избраниците на Кирил Лазаров, убедливо како „гости“ во Автокоманда ја совладаа Струга со 41:20. Најпрецизен беше Улфар Тордарсон со 7 голови без промашување.

Утре играат Радовиш – Еурофарм Пелистер 2, а во недела е дуелот меѓу Тиквеш и МРК Куманово. Оваа рунда ќе биде комплетирана со натпреварот во среда (18.февруари) меѓу Охрид и Бутел.

Табела: Вардар 40 бодови, Еурофарм Пелистер 36, Алкалоид 35, Охрид 33, Тиквеш 20, Бутел 20, Прилеп 18, Е.Пелистер 2, Пролет 13, МРК Куманово 7, Струга 7, Радовиш 0. (МИА)