На двата денешни прволигашки натпревари гостинските екипи остварија победи од 2:1. Вардар славеше на гостувањето во Кавадарци против Тиквеш и стигна до вториот триумф, додека Струга ТЛ истотака се радуваше по вторпат откако во Гостивар го совлада Арсими со 2:1, иако домаќинот водеше со 1:0.
Службена победа во второто коло „стигна“ и за екипата на Силекс, откако нивниот домаќин Шкупи не успеа да обезбеди терен за одигрување на дуелот што требаше да се игра во недела. Стадионот во Чаир не ги исполнува условите (пред се ВАР технологијата), а клубот не успеа да најде терен за одигрување на натпреварот.
Утре (сабота) се играат два натпревара: Македонија ЃП – Шкендија и Работнички – Башкими.
Во понеделник се игра дуелот АП Брера Струмица – Пелистер.
Почетокот на сите натпревари е во 17 часот.