Сите знаеме дека оралната хигиена е исклучително важна за здравјето на нашите заби, бидејќи наслагите можат да предизвикаат забен кариес, забоболка и лош здив.
Но, не секогаш сме свесни за трудот што е потребен за правилно четкање на забите.
Држењето на четката под погрешен агол, недоволно долго четкање, премногу силно четкање или нередовно менување на четката, може да резултираат со лоша орална хигиена.
Со Philips Sonicare DiamondClean 9000, можете засекогаш да сметате на совршено исчистени заби.
DiamondClean обезбедува нежно и длабинско чистење на забите благодарение на динамичните движења што ја туркаат течноста длабоко помеѓу забите и долж непцата за да помогнат во подобрување на оралното здравје на корисникот за само 2 недели.
Преку својата патентираната сонична технологијa, DiamondClean до 100% подобро ги отстранува наслагите и од тешко достапните места (во споредба со рачната четка за заби).
А клинички е докажано дека оваа четка ги избелува забите за само 1 недела користење.
Топ 3 причини зошто да ја одберете Sonicare DiamonClean четката за заби
- Иновативната сонична технологија со 62.000 движења на четката во минута овозможува чистење и на интерденталниот простор и обезбедува отстранување на наслагите до 10 пати повеќе во однос на рачната четка за заби.
- Го подобрува здравјето на непцата до 6 пати повеќе за 2 недели користење и ги остранува дамките до 100% повеќе за само 3 дена користење во споредба со рачната четка за заби.
- Најпрепорачувана четка за заби во светот, од страна на стоматолозите.
Да се грижиме за оралното здравје заедно!